anastacia

Ракот е меѓу болестите со најголема фреквенција на глобално ниво.

 

Под услов да биде дијагностициран навреме сепак, онколошките заболувања може да бидат надминати и да не доведат до фатален исход.

Во пролетта на 2005 година австралиската поп пејачка добива дијагноза рак на дојка. За оваа причина тогаш таа ја укинува светската турнеја. Кајли се радува на безусловната поддршка на своите фанови, од кои многумина донираа пари од вратените билети на организациите, кои се борат со онколошките болести.

Само една година подоцна, по успешно помината хемотерапија, пејачката објавува јавно дека ја победила суптилната болест и повикува на тоа жените да не го игнорираат профилактичкиот преглед на градите.

Носителот на две награди на Оскар Мајкл Даглас, добива дијагноза рак на грлото во август 2010 година. Малку потоа актерот споделува јавно за болеста во популарно американско ток-шоу. Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс ги укинуваат сите работни обврски, за да се оддадат целосно на борбата со суптилната болест.

Во тоа време тој повеќе пати раскажува за медиумите за убеденоста во тоа, дека ќе живее уште многу долго и дека е сигурен во успехот на лекувањето. Во јануари 2011 година актерот објавува дека ракот за него е веќе историја и дека продолжува активната работа во кино.

Роберт де Ниро е еден од најголемите актери во историјата на современото кино, кој дознава дека е болен од рак на простата, окриен при преглед во октомври 2003 година. Лекарите ветуваат на тогаш 60-годишниот актер дека брзо ќе се опорави, бидејќи болеста е во многу рана фаза. Денес Роберт де Ниро денес е во одлична здравствена состојба.

Сопругата на Ози и мајка на Кели Озборн, Шерон Озборн добива дијагноза рак на дебелото црево, додека се снима семејното реално шоу. Таа сепак не го прекинува своето учество, а паралелно со тоа започнува активно лекување.

Подоцна Ози вели дека во тоа време целото семејство било во длабока депресија, а нивниот син дури направил обид за самоубиство, бидејќи лекарите давале под 40% шанса Шерон да оживее.  Но денес прогнозите се охрабрувачки и лекарите се сигурни дека Шeрон заздравува.

Пејачката Anastacia е меѓу ѕвездите кои најактивно придонесуваат јавна борба против ракот на дојка. Откако добива таква дијагноза во 2003 година, таа дури им овозможува на медиумите да ја фотографираат за време на хемотерапија. Истата година таа издава и албум.

Британскиот пејач Род Стјуарт заболел од рак на тироидната жлезда во 2000 година. Најголемата загриженост на Род Стјуарт во тоа време е болеста и терапијата да не влијаат на неговиот глас. За среќа, денес тој е целосно заздравен.

 

 


Прочитано 6961 пати