gol

Голот на непознатиот фудбалер Арон Кинг, кој се натпреварува за аматерскиот англиски Рашден енд Дајмондс, ќе остане запаметен засекогаш.

Фудбалерот ја шутна топката со неверојатна сила од околу 40 метри во горниот агол на противничкиот гол во домаќинството на својот тим против Оудби Таун и донесе израмнување од 2:2.

Играчот на шведскиот Малме Токио Рантие постигна гол против Халмстаад, но за разлика од англискиот колега мораше претходно да помине тројца фудбалери на противникот со неверојатна серија од финти.


Прочитано 1849 пати