mumija

40-годишна англичанка лежи секој ден по неколку часа во када со специјални масла за да го забави смртоносното стврднување на кожата.

 

Во останатото време Никола Ваитхил постојано нанесува навлажнувачки креми и носи ракавици. Таа страда од системска склеродерма, појаснуваат од medikforum.ru. Тоа е многу ретко автоимуно нарушување што предизвикува стврднување на кожата и ограничување на секое движење. При ниски температури таа доживува пеколни болки: прстите на рацете и стануваат модри и не може да ги движи.

 

Системската склеродерма е поврзана со стврднување на крвните садови што брзо напредува. Кога таа се буди во утрото, се чувствува како мумија која лежи во саркофагот цели милениуми. Денот и започнува со “подмачкување” на телото, небаре е стар автомобил. По лековитата бања треба обилно да се мачка со крем – задолжителна процедура, без која жената е осудена на неподвижност.

 

Со оваа болест таа се бори од 1997 година. Тогаш и била поставена конечно нејзината дијагноза. Неколку години пред тоа чувствувала постојана непријатност и замор, но причината за овие состојби останува неоткриена.

 

Таа се помирила со ситуацијата: знае дека нема да се излечи и се радува на оние работи кои сеуште може да прави.


Прочитано 4655 пати