krokodil2

Херој на историјата е Гај Витанија, кој живее во Зимбабве. Едно утро тој се буди, оди во кујната, каде што почнува со приготвување на кафе.

 

Во еден момент, сепак неговото внимание е привлечено од некој необичен шум, кој доаѓа од неговата спална соба. Гај веднаш оди во собата и под сопствено легло најнеочекувано дочекува гостин – 70 килограми тежок, африкански крокодил.

 

Мажот веднаш ја напуштил куќата и се поврзал со колегите, на кои им раскажува за необичниот посетител во станот. Потоа мажите успеваат со заеднички напори да го фатат натрапникот, по што го враќаат во локалната река која минува во близина, од каде влекачот најверојатно е и дојден.

 

Специјалистите велат дека крокодилите се исклучително добри во вештината да се кријат и да останат незабележани. Тие се тивки и се вистински експерти во криењето. Најчесто тие не напаѓаат, кога се на копно, туку само во водата.


Прочитано 799 пати