katar

Одлуката светското фудбалско првенство во 2022 година да се одржи во Катар беше прифатено со голема доза на скептицизам. Во Катар нема (сеуште) соодветни стадиони, а и државата не е меѓу оние во кои фудбалот е спорт со традиција. Изборот на Катар е можеби најдобриот скандалозен избор на домаќин во историјата, велат од www.biznisvesti.mk.

Според американското издание Business Insider ова првенство може да се претвори во целосен неуспех поради неколку причини.

Околу 4.000 работници ќе загинат при изградбата на стадионот 

До сега во Катар откако го освои домаќинството, околу 1 200 работници од Непал и Индија загинаа при несреќи. Податоците се на Меѓународната конфедерација на синдикатите ( International Trade Union Confederation ). До 2022 година организацијата очекува овој број да се зголеми до 4 000.

Обвинувањата за мито

Во 2012 година делегатот на ФИФА од Бразил, Рикардо Теиксера се повлече од функцијата, откако стана јасно дека 1 година по изборот на Катар на сметката на 10 -годишната неговата ќерка легнале 3,4 милиони долари. Според британскиот весник Telegraph најверојатно плаќањето е направено од страна на поранешниот претседател на Барселона Сандро Росел. Друг висок официјален претставник во ФИФА добил 2 милиони долари од катарската компанија по гласањето за Катар. Џек Ворнер е исклучен од ФИФА и етичката комисија му забранува да се зачленува во организацијата доживотно. Во моментов ФБИ истражува исплата од 2 милиони долари кон него од катарска фирма.

Катар користи принудна работа за изградба на стадионите

Во британскиот Guardian беше објавен обемен материјал за работниците на градежниците во Катар. Тоа се најчесто имигранти од Непал и Индија. Тие работат за пониско од ветената плата во невозможна жега, живеат во мизерни кампови, а пасошите им обично им се конфискуваат до завршувањето на договорот, па да не можат да си заминат порано.

Во текот на летото температурите достигнуваат до 45 степени Целзиусови

За време на кандидатурата на Катар државата изјави дека првенството ќе се одржи во текот на летото. ФИФА ќе гласа следната година веројатноста првенството да се одржи во текот на зимата.

Цената на првенството ќе биде околу 200 милијарди долари

Тоа е пет пати повеќе од износот што Русија го потроши за Олимпијадата во Сочи. Голем дел од парите ќе одат за изградба на стадиони, иако Катар ќе гради само 8 стадиони ( наместо претходно планираните 12 ).

Хомосексуалните односи се забранети со закон

Претседателот на ФИФА ги предупреди навивачите со хомосексуална ориентација, дека ако сакаат да го посетат првенството во Катар, треба да се воздржат да афишираат сексуалност.

Сеуште нема подготвени стадиони

Сите стадиони ќе бидат изградени од нула. Тоа е доста скап потфат, што лесно може да излезе надвор од буџетот.

Цели градови уште не постојат

Треба да се изградат не само стадиони, но и хотели и друга инфраструктура. За споредба – во Јужна Африка беа потребни само 3.5. милијарди долари, за да се прифати првенството. Финалето ќе биде во градот Лусаил кој сеуште не постои.

Футуристичките стадиони кои Катар ги вети се невозможни во пракса

Во кандидатурата Катар вети футуристички стадиони со неверојатен систем за ладење кој ќе овозможи првенството да се игра во текот на летото. Подоцна сепак фирмата, која требаше да ги гради, рече дека овие планови се скапи и штетата за животната средина би била голема.

Светско првенство во зима би било во конфликт со европските првенства

Повеќето големи играчи имаат обврски кон клубовите кои не би се откажале. Да се игра Светско првенство во зима би значело да се одлагаат натпревари од англиското, италијанското и шпанското првенство, што не е воопшто лесно.

ФИФА ќе треба да води нови преговори за ТВ права

Ако првенството е во зима, ФИФА ќе треба да води нови преговори со телевизиите. Fox платиле 425 милиони долари за следните две светски првенства во фудбал, но под услов да се во текот на летото. Во зима тие можат да се совпаднат со натпреварите во американски фудбал.

Во САД нема кој да гледа европски фудбал во зима

Во САД фудбалот се гледа само за време на Светското првенство. Но ако тоа е во текот на зимата, на пример во јануари , може да се запостави со првенството во американски фудбал и така американските гледачи ќе бидат изгубени.

На стадионите најверојатно нема да се продава пиво

Во Доха алкохол се продава само во некои хотели и барови. На јавни места не може да се пие алкохол. Ова ќе биде “трезно” фудбалско првенство во историјата.

 


Прочитано 1205 пати