Рокерот Ози Озборн откри дека краткотрајната меморија му е засегната поради оштетување на мозокот, соопшти Contactmusic.

Фронтменот на „Black Sabbath” довери дека бил погоден од различни здравствени проблеми: црниот дроб и оштетување на мозокот, како резултат на борбата против зависноста од алкохолот и дрогата.

„Црниот дроб може сам да се опорави по време. Минатата недела лекарот ми рече дека краткотрајната меморија ми е засегната, и го прашав дали тоа не се должи на оштетување на мозокот. Тој ме увери дека и краткотрајната меморија се опоравува по време.”, изјави Озборн во едно од неговите последни интервјуа.

Ози не пие алкохол веќе 18 месеци, откако минатата година поради тоа неговата сопруга Шерон го избрка од нивниот дом. Сега рокерот инсистира да ја продолжува рехабилитацијата.

 


Прочитано 2344 пати