EAE98ECB26C809488F008DDFA23F7C41
Кралот кој владеел во Западна Африка во 14 век е прогласен за најбогатиот човек во историјата. На листата која ја состави порталот  Celebrity Net Worth’s , само тројца од 25-те најголеми светски богаташи се сеуште живи, а на неа не се наоѓа ниту една жена. Покрај фактот дека во категоријата најголеми богаташи во светот се само мажи, дури 14 од нив се Американци. Земајќи ги во обзир последните 1000 години, боатството во истражувањето се вреднувало во однос на годишната инфалиција од 2199,6 отсто, според која 100 милиони долари во 1913 година денес вредат 2299,63 милијарди, пренесува Дејли Мејл.
На листата се наоѓаат и некои познати имиња како што се Бил Гејтс и Ворен Бафет, но на крај, победата ја понесе Кралот Малија Манса Муса Први. Владател на малијското царство, во кое биле вклучени денешна Гана, Мали и Тимбукту, бил тежок вртоглави 400 милијарди долари.
Моментално најбогатото семејство во светот, семејството Ротшилг се наоѓа на второто место, а нивното богатство се проценува на 350 милијарди долари. На трето место се наоѓа Џон Д. Рокфелер, најбогатиот човек во историјата, кој после смртта во 1937 година зад себе остави неверојатни 340 милијарди долари. “Најсиромашен” на листата е 82 годишниот Ворен Буфет, чиј имот е проценет на 64 милијарди долари.
1.Малија Манса Муса Први
Придавката најбогатиот човек во историјата ја добил благодарение на богатите резерви на злато и сол, а неговата земја сеуште важи за еден од главните снабдувачи на злато и сол во светот.
Со парите, тој изградил и огромна џамија која и денес постои. Неговото богатство било поделено на неговите предци, но наследниците не успеале да се одбранат од нападите врз царството.
2. Семејството Ротшилд
Семејството Ротшилд е најбогата династија во историјата во светот. Оваа европската банкарска династија, со германско-евројско потекло го основала европското банкарство во 18 век. Нивната приказна започнала со Маер Амчел Ротшилд, кој е роден во 1744 година, и кој основал финансиска куќа. Неговите пет синови се нашле на водечките места во петте главни европски центри, и на тој начин успеале успешно да ја прошират империјата, чија вредност е 350 милијарди долари.
3. Џон Д. Рокфелер
Најбогатиот Американец во историјата, чиј имот денес е проценет на 340 милијарди долари, е воедно и првиот Американец кој заработил милијарда долари. Во 1870 година ја основал компанијата Standard Oil која со години ја предводела американската нафтена индустрија, се додека неговиот монопол не го прекинала американската влада.
Две години по изградбата на нафтената платформа со партнерот Маурикеом Б. Кларк, Рокфелер ја основал компанијата Rockefeller and Andrews, за која тврди дека го одредила текот на неговата кариера. Последните 40 години од својот живот ги поминал во пензија, трошејќи ги парите за финансирање на организации чија цел е подобрување на медицината, образованието и научните истражувања.
4. Андреј Карнеги
Андреј е роден во 1835 година и е заслужен за развојот на американската индустрија за челик кон крајот на 19 век. Поголем дел од парите ги заработил преку продажбата на својата компанија Carnegie Steel JP во 1901 година за тогашни 480 милијарди долари. По продажбата, својот живот го посветил на добротворни организации, додека пак неговите последни 30 милиони долари биле донирани во хуманитарни цели. Неговото богатство се проценува дека вреди околу 310 милијарди долари.
5. Рускиот цар Николај Втори
Никојал Александровиќ Романов владеел со Руското царство од 1984 до 1917 година. Во моментот кога неговото богатство се проценувало на 900 милиони долари, односно денешни 300 милијарди долари, тој бил убиен. За време на неговото владеење била одобрена мобилизацијата на руската војска што значи нивен влез во Првата светска војна, во која животот го изгубија 3,3 милиони Руси.
6. Мир Осман Али Кхан – 236 милијарди
7. Вилијам Освајач – 229,5 милијарди
8. Моамер Гадафи – 200 милијарди
9. Хенри Форд – 199 милијарди
10. Корнелиус Вандербилт – 185 милијарди
11. Алан Руфус – 178,65 милијарди
12. Бил Гејтс – 136 милијарди
13. Вилијам де Варен – 146,13 милијарди
14. Џон Џејкоб Асторм – 121 милијарда
15. Ричард Фитзалан – 118,6 милијарди
16. Џон оф Гаунт – 110 милијарди
17. Стефан Гирард – 105 милијарди
18. Александар Турнеј Стеварт – 90 милијарди

 

Извор: www.vecer.com.mk


Прочитано 2042 пати