izberisoba

Овој тест е многу забавен и интересен.

Погледни ја внимателно сликата и одберете соба, која најмногу ти одговара.

Ќе бидете изненадени колку е точен.

izberisoba

Соба 1: Покривот покажува дека си човек кој сака да гледа отвисоко. Таму има дури и место за забава. Твојата оценка за луѓето е објективна, работите ги гледаш подобро од останатите. Во домот имате голем цвет, што покажува дека сакаш егзотика, а базенот – дека ја сакаш забавата повеќе од кариерата. Детските базени со играчки се сведоштво дека твоите деца се во сигурни раце, ако не си родител – дека си подготвен да станеш таков. Ретко се задржуваш на едно место, но можеби е време за тоа (вклучувајќи да создадеш дом, ако уште не си то сторил/а тоа). Патувањата се твојата страст – на колку подалечни места, толку подобро.

Соба 2: Првиот акцент во твојата соба е часовникот, тој те карактеризира како точен човек, на кого може да се потпрат. Сакаш да размислуваш за работите од животот, но понекогаш претеруваш. Тешко се одлучуваш за кардиналните дејствија. Во моментов потребно ти е спокојство. Сликата на ѕидот покажува дека често се враќаш во минатото. Чувствуваш длабока почит кон роднините. Празното креветче покажува дека ти недостасува љубов или не добиваш онолку колку што ти е доволно. Склона си кон депресија, а осаменоста те плаши.

Соба 3: Ако си ја избрал бањата, тоа покажува дека имаш потреба од освежување. Треба да ги загубиш мислите кои те прават да се плашиш за својата иднина. Во моментов си несигурна, но подготвена со целото свое битие на промени. Естетската убавина е многу важна за вас, па затоа вложуваш многу грижи за себе. Сакаш да останеш сама со себе, затоа и ги избегнуваш луѓето околу тебе. Љубовта е силна и искрена, без да очекуваш некоја корист. Знаеш дека токму во неа е смислата на животот и ги криеш кратките врски. Ти си контроверзна личност.

Соба 4: Си избрал пријатна спална соба. Ти си стабилна во оваа фаза од животот. Си ја нашла својата љубов, а ако случајно не си – во моментов ѕвони на ѕвончето. Грижата за околината ве задоволува. Држиш на моралот и вредностите. Ти си добар пријател и си многу чесен човек. Ја откриваш лагата многу лесно и брзо да ги одминуваш неискрените луѓе. Можеби ти недостасува малку самодоверба за да ги направиш работите кои секогаш си ги сакала. Не си склона кон авантури.

Соба 5: Најголемата соба со најмногу предмети во неа. Ова покажува дека си широко скроен човек. Секогаш се стремиш кон максимумот, а ако не го добиваш – си одиш. Фотелјата покажува дека во оваа фаза од животот нема да менуваш ништо. Пепелникот со цигарата на масата значи дека имаш еден проблем за решавање. Сликите се симбол дека се држиш на пријателите. Само твојот прозорец има завеси, а тоа е знак дека си со богата душа.

Соба 6: Ако ја избра кујната, тоа покажува загриженост за блиските луѓе и апетитот кон животот.  Сега си во фаза на промени – нешто се подготвува и тоа зависи од вас. Земете ги работите во свои раце. Имаш еден проблем кој треба да го решиш, а очекуваш друг да го стори тоа наместо тебе. Само пази се да не ги повториш своите стари грешки кои ги направи претходно!

Соба 7: Лошите мисли си ги оставила во плакарот и сега очекуваш да ти се случат оние убави нешта, за кои сонуваш. Сепак треба да го искачиш скалилата. Во кариерата те очекува успех. Суетна си – држиш на хигиената дури и во односите.


Прочитано 552 пати