sumaher

Сопругата на Михаел Шумахер, Корина излезе пред светската јавност и изјави дека легендата на Формула 1 ќе се бори до крај за животот, а неговото семејство е подготвено се да направи за Шуми.

Корина го продаде семејниот имот на околу 200 километри од Осло за 2,8 милиони долари, објави норвешкиот Abcnyheter.no. Покрај вилата за продажба се продава и ферарито на Шуми и приватниот авион “Фалкон 2000″. На овој начин семејството на шампионот плаќа за неговиот третман, што според медиумите надминува 15 милиони долари.

Ниту еден имот, автомобил или авион на земјата не може да се спореди со она што е Шумахер за неговото семејство и милионите фанови.

7-кратниот шампион и најблиските околу него ќе ја водат битката докрај, додека има надеж.


Прочитано 1170 пати