DSC_0090

Професор Д-р Соња Ивановска е професор по генетика на факултетот Земјоделски науки и храна Скопје. Таа на конференцијата foodtalk говореше за ГМО и неговите научните факти, соопшти gradina.mk. Таа на конференцијата изјави: „Јавноста е малку заознаена со овие техники и култури. Генетските модификации се добиени преку ДНК една техника која се користи за создавање на нови сорти. Со години така се создаваат многу сорти храна и најприфатена е хибридизацијата. 90% од храната што ја јадеме се хибриди. Се работи многу експериментално и се произведуваат многу култури од кои дел не се користат директно во храната, а најголемиот дел сеуште не се пуштени на пазарот. Една од пречките дека јавноста е многу негативно настроена.

Сега научниците одат кон подобрување на квалитетот за да може да се прифати од пошироката јавност. Последните култури кои се воведоа во производство минатата година беа компирот, со намалување на една состојка која е канцерогена, и тој веќе масовно се произведува, луцерката со намалена количина на лигнин, што значи е посварлива за добиточна храна. Освен тоа се работи на подобрување на квалитет, па така на пример доматот е збогатен со ликопен кој што е антиоксидант. Тоа веќе треба да ги интересира крајните потрошувачи. До сега оние култури што беа на пазарот немаа никаква пормена во квалитетот. Јас не можам да тврдам дали овие производи се штетни или не, но знам м дека се исто така толку штентни како речиси секоја храна што ја јадеме. Тие поминуваат ригорозни тестирања пред да бидат пуштени на пазарот. Дали ние ќе веруваме на тестирањето или не, тоа е наше. Всушност тие производи се означени. На некои од нив пишува дали прозиводот содржи ГМО или не, па потрошувачот е тој кој ќе одлучи дали ќе купи таков или не. Не е убаво кога сите ние ќе имаме став дека тоа е франкештајнса храна и како одредени личности што кажуваат ако јадеме ние ГМО во кој евнесен генот на бубашваба, нашите деца ќе личат на бубашваби. Никој од нас до сега не заличел на гравче. Не се пренесува така ДНК во таа е дигестибилна во дигестивност систем, што значи се преработува.

Понатаму мислам дека луѓето ќе ги дознаат фактите за ГМО и нивниот квалитет и за начинот на производство. Денес начинот на производство се разликува од тој пред 10-20 години. Тогаш може имало штетни моменти во самите постапки денес тие моменти се исфрлаат. До сега јас никаде не сум сретнала доказ дека ГМО е штетно. Тогаш постојат потенцијални опасности, а тие можете да ги видите речиси секаде, рече професорката на конференцијата.


Прочитано 1128 пати