Pope Francis Angelus Prayer

Папата Фрањо ги осуди крвавите напади во Париз, опишувајќи ги како дел од Трета светска војна.

 

“Дури и денес, по неуспехот на една друга светска војна, можеби може да се зборува за трета војна, посебна битка со злосторства, убиства и уништување”, изјави Фрањо.

 

“Денес, кога ужасите на Втората светска војна се зад нас, веќе можеме да зборуваме за нова светска војна, која се состои од криминал, убиства и уништување”, рече папата.

“Во овој момент сум поблиску до народот на Франција, до семејствата на жртвите и се молам за сите нив”, додава тој. Според него, овие работи се тешки за разбирање и тој се чувствува многу нажален од она што се случило.

 

“Војната е ирационална, нејзината единствена цел е да носи уништување. Колку повеќе штета предизвикува – толку повеќе таа расте. Алчноста, нетрпеливоста и жедта за власт се во основата на одлуката да се започне војна и многу често тоа се оправдува со идеологијата “, коментира тој.


Фрањо нападите во Париз ги нарече “нечовечки”. “Нема верска или хумана причина која го оправдува насилството”, рече уште светиот отец. 

 


Прочитано 532 пати