sumaher2

Менаџерот на Шумахер, Сабине Кем, изјави дека се уште не изгубила надеж и продолжува да го поддржува седумкратниот светски шампион. Таа се надева дека еден ден “Михаел повторно ќе биде со нас”.

 

Од ски инцидентот на Ф1 пилотот поминаа повеќе од две години и тој се уште не може да се опорави. За време на изложбата на колекционерски предмети од кариерата на Шумахер, Кем изјави: “Тој е најуспешниот пилот во историјата и во деновите како овој се сеќаваме на тоа. Се разбира, Михаел не е тука и ни недостасува. Не можеме да го промениме тоа што се случило со него, само треба да го прифатиме и да се надеваме дека со нашата поддршка и трпение еден ден тој ќе биде со нас.“

 

Во октомври минатата година, претседателот на ФИА и близок пријател на Шумахер – Жан Тод, изјави дека Михаел продолжува да се бори. Германскиот пилот помина месеци во одделот за интензивна нега на болницата во Гренобл пред да се врати во свест. Потоа беше преместен во болница во близина на неговиот дом, а во септември 2014-та, лекарите дозволија да биде вратен во замокот. Оттогаш нема многу информации за неговата состојба.


Прочитано 702 пати