nevreme

Денес територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на нов влажен бран од запад.

Поради тоа времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кој ќе ги има на повеќе места низ Македонија.

Поинтензивни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и вечерни часови кога е можна и ретка појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец кој на некои места повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи во интервал од 13 до 20 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ, meteomax.mk!


Прочитано 445 пати