bogatcovek

Нема сигурен пат кон богатството, но има работи кои сигурно можат да ги зголемат шансите за тоа, пишува Huffington Post. Ако сакаме да заработиме пари, потребно е рамнотежа, планирање и цели.

Еве што уште треба да знаеме:

1. Треба да инвестираме. Да, постојат и други начини да се збогатиме, но ова е најважното. Мнозинството милијардери на листата на Forbes станаа такви, благодарение на инвестиции. Тие не работеле за пари, туку ги натерале парите да работат за нив.

2. Треба да почнеме сега. Колку порано инвестираме, толку поголема финансиска состојба имаме шанса да стекнеме со текот на годините. Истото се однесува и за стручниот развој. Колку порано почнеме да ги развиваме своите вештини, толку подготвени ќе бидеме во иднина.

3. Изработката на пари не е лесна работа. Богатите луѓе работат напорно и одмараат малку, иако тоа често не се забележува од табелата. Неодамна Wall Street Journal објави студија, според која луѓето кои заработуваат над 100 000 долари годишно, користат помалку од една петтина од своето време за рекреација.


Прочитано 56 пати