surogatmajka2

Се знае дека мајчиното млеко е со висока содржина на протеини и хранливи материи, од кои бебињата имаат потреба, како и дека тоа го менува составот со текот на времето, бидејќи со растот на бебето неговите потреби се менуваат.

 

На Мелори Смодерс една ноќ детето и се разболело. Само неколку часа подоцна таа забележала значителна промена во мајчиното млеко, која го пумпала. “Млекото што го исцедила откако бебето се разболело, личело повеќе на колострум (супер млеко, полно со антитела и леукоцити, што е карактеристично само во првите денови по раѓањето), напишала Смодерс во страницата на Фејсбук на 14 февруари.

 

Во тоа време мајката веќе била запознаена со едно истражување објавено во 2013 година од страна на специјалистите по имунологија.

 

Според него е пронајдено врска помеѓу здравствената состојба на мајката и бебето и нивото на леукоцитите во мајчиното млеко.

 

Студијата покажала дека нивото на леукоцитите се “значителни” 13-70 проценти за првите неколку дена по раѓањето, а потоа се стабилизираат, ако сепак мајката или детето страдаат од инфекција, леукоцитите се зголемуваат до 94 отсто во мајчиното млеко.

 

“Всушност преку мајчиниот организам се менува имунолошкиот состав на млекото, и тоа се приспособува кон специфичните патогени на бебето преку претставување на персоналните антитела”, објаснува Смодерс во својата публикација. “Прекрасно е нели?! Човечкото тело никогаш не престанува да ме изненадува.”

 


Прочитано 121 пати