
Јапонските исцелители од древни времиња веруваат дека рацете се проводници на енергија. Според нив можеме да си помогнеме без лекови, а доволно е само да се запознаеме со неколку едноставни трикови на рефлексотерапијата.
Одделните области на рацете одговараат на органите во телото и преку допир можете да ги наведете енергетските текови во посакуваната насока.
Техниката Џин-Шин-джицу претставува практика која е тесно поврзана со медитацијата. Древната уметност учи масажа на прстите, и како се применува притисокот врз конкретни точки во комбинација со респираторните вежби и тоа ја води свеста до состојба во која лесно се влијае на емоциите и чувствата.
Излегува дека палецот на раката е главниот генератор на стравот, вознемиреноста, нервозата и несигурноста. Со масажа и нежно притискање на областа можете не само да се ослободите од негативните емоции, но исто така и да имате позитивно влијание на некои органи.
Ако страдате од чести главоболки и сте склони кон нервоза, фатете го палецот со другата рака и стискајте силно. Држете ја оваа позиција околу 3-5 минути, па ефектот врз мозочната активност ќе биде посилен.