horoskop

Бик

Биковите се луѓе кои сакаат домашен комфорт и постојано се грижат дома да има нешто вкусно, да е уредно и човекот до нив да се чувствува добро. Покрај тоа, тие се и многу страстни во сексот што им недостасува на оние за кои тој е многу важен дел од секоја врска. Биковите можат да бидат тешко заборавени, бидејќи имаат малку на сè – страст, добронамерност, авантуристичност и уште еден куп други квалитети кои тешко можеш да ги најдеш во една личност.

 

Рак

Раковите се тајни и мистериозни, па околу нив е најсилниот магнет кој го привлекува спротивниот пол. Секој сака да се потруди за срцето на некого, а Раковите даваат целосна слобода во тоа. Тие сакаат многу силно и го даваат целиот свет во нозете на оној кој ги има преземено нивните срца. Токму за тоа кога ќе си заминат, оставаат голема празнина, која тешко може да се наполни. Раковите се нежни во кревет и знаат како да испорачуваат задоволство на својот партнер. Одговорни се и тоа е нивните најсилен квалитет.

 

Девица

Посветени, сериозни и многу добри луѓе. Тие на ист начин имаат многу различни лица и тоа е најубавото во нив. Можат да бидат романтични, да прават неверојатни изненадувања, можат да бидат и многу страстни и мистериозни. Девиците се вистински партнери и даваат се од себе, кога сакаат вистински. Имаат силно чувство, ретко заминуваат први, но дури и да бидат напуштени, нивните поранешни половинки порано или подоцна разбираат за она богатство кое го имале до себе. Но не заборавајте, тие никогаш нема да бидат твои повторно, бидејќи минатото за нив е затворена страница.


Прочитано 89 пати