roditeli

Иако некои работи се подразбира дека не треба да ги правите пред детето, сепак секојдневно сведочиме дека некои родители ги прават, па затоа на нив им треба потсетник. Некои од наведените ставки посебно се однесуваат за родителите кои само мораат да се грижат за детето.

1. Да се опијаните
Изгледа едноставно? Но да ги потсетиме тие кои заборавиле на некои детали. Додека се грижите за детето не треба да пиете, тоа се однесува и додека детето спие.

2. Да пушите во просторија во која детето е присутно
Ако сакате да го ризикувате здравјето на детето, тогаш тоа е ваша одлука. Но детето несмее да биде жртва на пасивно пушење. Тоа едноставно е сурово.

3. Да пцуете
Големи се шансите ако пцуете пред детето и тоа да почне да пцуе. За некои можеби тоа е слатко, но всушност не е.

4. Да се однесувате како стриптизерка
Ако вашата ќерка види дека заводливо се соблекувате и таа ќе го направи истото. А ако го правите тоа, не се чудете на нејзиното однесување кога ќе наполни 16 години.

5. Да гледате реално шоу
И тука се мисли за секое реално шоу. Сетете се на последното реално шоу, на Маријана и Немеш.


Прочитано 181 пати