evrozona2

Тројца седеле на ручек во некој ресторан. Сите нарачале ист оброк кој чинел 10 Евра. Откако се најале, келнерот на сите им наплатил по 10 евра.

Отишол кај газдата и му ги предал парите. Газдата се налутил:

„Си направил грешка! Кога тројца јадат ист оброк, треба да наплатиш само 25 евра!“ и му вратил 5 евра за да ги врати на гостите.

Келнерот не знаел како да им ги подели 5-те евра на гостите, па за себе си задржал 2, а на секој од гостите им вратил по 1 евро.

Колку платил секој од гостите?

Секој дал по 10 евра. Им вратиле по едно евро, и на крајот им останале 9 евра.

3×9 = 27 евра + 2 евра во џебот на келнерот = 29 евра

Што се случило со 1 евро и каде е?


Прочитано 257 пати