devojkacrno

Знаете ли кои се жените кои мажите никогаш не ги напуштаат? Запознајте се со нив:

Манипулаторка
Всушност таа не е само манипулаторка – тоа го можат повеќето жени, но ова е вешта манипулаторка! Што значи тоа? Па точно си ја знае “жртвата” и умее да ја држи под контрола. Таа влегува во улогата како слабо и незаштитено суштество кое има потреба од заштита, а сепак е силна и самостојна девојка. Тоа директно ги побркува мажите, кои постојано како да се на трње и имаат чувство на вина.

“Железната” лејди
Мажите ги сакаат силните и независните жени! Тоа е докажано! Станува збор за претставничките од понежниот пол, кои умеат да покажат женска сила и едноставно не ја играат улогата на слаб пол. Затоа и мажите се подготвени да направат се за да ги натераат да се чувствуваат како на седмото небо.

Егоистка
Таа не е егоист во погрешна смисла на зборот. Таа едноставно не го манипулира мажот, не го користи, ниту пак се обидува да го контролира. Таа живее за себе и ги насочува своите напори само на сопствената личност. И токму затоа оваа дама не се стреми и да го менува мажот. Овие жени се од голема реткост, а не се за испуштање:)


Прочитано 658 пати