ljubov

Велат дека првата љубов ‘рѓа не фаќа. Па, ние не сме сосема сигурни во ова тврдење, но дефинитивно можеме да потврдиме дека се сеќаваме секогаш.

Првиот бакнеж, првиот секс, нема како да ги заборавиш, освен ако не страдаш од амнезија. Што сепак не тера да ги врежеме овие детали во нашата глава?

Психолозите од Универзитетот во Торонто го бјаснуваат тоа со фактот дека човекот памети најдобро во моментите кои предизвикуваат кај него силно возбуда.

Без разлика дали станува збор за пријатни чувства или негативни искуства, секој потресен (позитивен и негативен) настан се запечатува засекогаш во нас.

А кај некои од нас спомените датираат од уште рана возраст, на пример првата девојка во градинка.


Прочитано 498 пати