Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата. Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче. Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот. Господ слезе во реката и се појави со златна секира.
“Ова е твојата секира?” – Господ го праша.
Дрвосечачот одговори: ”Не.”
Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира.
“Ова е твојата секира?“
Дрвосечачот повторно одговори:
” Не. ”
Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.
“ Ова е твојата секира?“
Дрвосечачот одговори:
” Да.”
Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома.
После некое време, дрвосечачот се шеташе со својата жена покрај реката, и жената му падна во реката. Тој заплака, а Господ повторно се појави и го запраша зошто плаче.
“Господе, жена ми падна во реката!”
Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.
“Ова е твојата жена?” – Го запраша Господ.
“Да!” – рече дрвосечачот.
Господ се налути…
“Ме лажеш! Тоа не е точно!“
Дрвосечачот одговори:
“Прости ми Господе. Се работи за недоразбирање. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Анистон. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три. Господе јас сум сиромашен, и не би можел да се грижам за трите жени, и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!”
ПОУКА: Кога и да лажат мажите, тоа е за добро на сите!!!
Објавено од : Никола Неделкоски

Прочитано 2443 пати