Оди зајакот кај мечката и и вика:
– Мецо, дај да тепаме некого бе, имам нешто вишок енергија. Ај на волкот ќе му идеме?!
– Ајде бе, супер идеја, само дај некоја причина, да не биде ептен така, за џабе.
Се мислел зајакот и рекол на крај:
– Ајде бе ќе го истепаме зошто не носи капа. Му отишле на волкот и само што го виделе одма:
– Абе, ти зашто не носиш капа!? И го истепале, лом го напраиле.
Поминало некое време, пак зајакот и отишол на мечката:
– Мецо, пак ми се тепа некој. Ај пак на волкот ќе му одиме!?
– Ајде бе, може, само дај некоја друга причина сега.
– Ќе му побараме цигара, ако ни даде со филтер ќе му речеме дека сакаме без филтер, а ако ни даде без филтер ќе му речеме дека сакаме со филтер и ќе го истепаме.
Ги слушнала лисицата и одма отишла кај волкот да му каже што се дешава, да се припреми.
Отишле зајакот и мечката кај волкот и му рекле:
– Волчко, дај цигара бе!
– Сакате со филтер или без филтер?
Се помислиле двајцава што да праат и зајакот викнал:
– АБЕ, ти пак не носиш капа, а!?

Извор: http://www.vicoteka.mk/vicovi/page/3/?r_sortby=highest_rated&r_orderby=desc#ixzz2ExZz4xkK


Прочитано 5212 пати