Еден ден додека работел на нивата сиромашниот фармер слушнал пискање од кај мочуриштето. Тој ја фрлил мотиката и се стрчал кон местото од кај што се слушало пискањето.
Во мочуриштето заглавено во жива песок пискало едно мало момче. фармерот без размислување го спасил момчето од сигурна и спора смрт. Утредента на фармата стигнала отмена кочија. Елегантен господин од кочијата се претставил како татко на детето кое сакатиот фармер го спасил.

– Сакам да ви се одолжам само кажете ја сумата на пари и јас ќе ви ја исплатам без приговор – рекол господинот.
– Не можам да ја прифатам вашата понуда- му возвратил фармеро,т до кој дотрчал неговиот малечок син, целиот во испокинати алишта.
– Дали е ова вашиот син?
– Да -гордо одговорил фармерот.
– Да направиме договор. Дозволете ми да го школувам исто како и мојот син. Ако се метнал на својот татко ќе стане голем човек од него.

Како што рекол богатиот господин така и сторил.
Синот на фармерот учел во елитните англиски училишта и како најдобар студент дипломирал на најелитиот медицински факултет Света Марија во Лондон.

Во светот бил познат како Александар Флеминг, човекот кој го открил пеницилинот.
Неколку години подоцна синот на богаташот, кој бил спасен од мочуриштето, сега се разболел од воспаление на белите дробови.

Што мислите кој му го спасил животот?
Пеницилинот, се разбира.
Името на богатиот господин на кој му го спасиле синот?

Лорд Рандолф черчил!

Името на спасениот син?
Сер Винстон Черчил!!!

За целата приказна кај нас постои една поговорка:
Доброто со добро се враќа.

Извор: некои личности и времиња никогаш не се забораваат


Прочитано 5557 пати