ljubov2

Како се вљуби?

Да паднеш во ропство на љубовта не е како да паднеш во дупка. Повеќе е како да попаднеш во вселената. Како да отскокнеш од својата приватна планета до планетата на некој друг, за да ја посетиш. И кога ќе стигнеш таму, откриваш дека сè е различно: цвеќињата, животните, боите во кои луѓето се облекуваат.

Да пропаднеш во ропство на љубовта е едно големо изненадување, бидејќи до овој момент си мислел дека имаш се на својата планета и тоа, на некој начин, е вистина, но потоа некој те повикал во просторот и единствениот начин да стигнеш до него е како да направиш еден огромен скок. Ти тргна кон сигналот, завршуваш во орбитата на некој и со време може да одлучите да ги поврзете вашите две планети и да ги наречете “дом”. Може да го доведете и кучето. Или својата мачка. Својата златна рипка, хрчак, колекција од камења, сите ваши единечни чорапи (оние кои си изгубил, дури со дупки, се на новата планета, откриена од тебе).

Можеш да ги доведеш и пријателите да ја посетат новата планета. И да си ги раскажуваат најомилените приказни.

А вљубените – тоа всушност бил најголемиот скок, кој требало да го направиш за да бидеш со човек, без кого не сакаш да бидеш.

П.С. Треба да бидеш храбар.

Текстот е земен од книгата на Џенет Винтерсон – “Големи прашања од мали луѓе и едноставни одговори од големи умови”.


Прочитано 4826 пати