pismo2

Најдолгото љубовно писмо во светот се наоѓа на Балканот, во Букурешт, Романија. Тоа е напишано за девојка по повод денот на вљубените, но не овој кој се слави на 14 февруари. Интересен факт е дека Романците освен меѓународниот ден на вљубените, исто така имаат и уште еден свој национален празник на вљубените, кој го почитуваат на 24ти истиот месец.

Тој се нарекува „Dragobete“ и освен со љубовта го поврзуваат уште со враќањето на пролетта. Овој празник е исто така познат и како денот на птиците, бидејќи тогаш според старите верувања птиците почнуваат со парење и со вгнездувања.

Според романската традиција на празникот на Dragobete вљубените си пишуваат љубовни писма. Друга интересна традиција, која ја прават е стапнувањето на нозе на партнерот, за да може оној кој ќе стапне да доминира во нивната врска.

Ова писмо било напишано од лудо вљубен во својата девојка, и посветил повеќе од 2000 зборови на својата сакана. Писмото е широко два метри и има должина од 4,5 метри.

Со тоа писмото на вљубената двојка е влезена во книгата на рекорди за најдолго и најголемо љубовно писмо во светот.


Прочитано 2624 пати