sex2

Американски научници открија колку е времетраењето на идеалниот сексуален однос.

Секој сака да се претстави добро во кревет, а дали од многуте еротски филмови, кои се достапни за пошироката јавност, или поради лажните фалби на жените и мажите, меѓу општеството царува митот дека продолжениот секс е најдобар. Секоја жена сонува за партнер кој ќе издржам речиси цела ноќ, а секој маж сака да стане незапирлив сексуален Рамбо.

Научниците сепак докажуваат дека тоа не е така. Според истражувањето на американските научници совршената должина на еден полов акт е околу 13 минути. За нормално се смета, ако сексот трае од 7 до 13 минути, а за недоволен секс, според експертите, се сметаат под три минути. Накратко речено – долгите љубовни ноќи се мит.

За да бидат исполнети и двајцата партнери е доволно да се оддадат еден на друг не повеќе од 10 минути, сигурни се американските научници. Во текот на истражувањето сослушани се неколку илјади луѓе и многу мал процент од нив се изјасниле дека се оддаваат на долги и исцрпувачки љубовни ноќи. Повеќето кои уживаат во долгите љубовни игри страдаат од сексуални зависности како нимфоманија.


Прочитано 8272 пати