intinmni vlakna

Интимнотo отстранување на влакна не е толку безбеднo и хигиенски, колку што мислите. Интимнотo отстранување на влакна крие ризици!

Американска лекарка започна битка со една од најголемите модни трендови, а тоа е интимното отстранување на влакна во последните десет години.

Таа тврди дека нивното откинување во овој нежен дел од телото на мажите и жените го зголемува ризикот од инфекција и сексуалните преносливи болести кај младите луѓе.

Енергијата, времето, парите и емоциите кои двата пола ги трошат за отстранување на влакната од интимните делови, е астрономски голема, тврди докторката.

“Интимното отстранување на влакната иритира и ги возпалува фоликулите, оставајќи микроскопски отворени рани. Најчестото отстранување на влакна е потребно да остане кожата мазна, што предизвикува редовно иритација на кожата. Кога тоа се комбинира со топлата и влажна средина на гениталиите, се создава рај за некои од најтешките патогени бактерии”, вели Гибсон

Поради овие “отворени рани” ризикот од херпес исто така е зголемен, бидејќи вирусот може да биде пренесен лесно преку устата и гениталиите.

Да имаме влакна во овој дел од телото е со причина – тие обезбедуваат заштита од триење, што може да дојде до повреди или “абење” на кожата. Освен тоа, спротивно на сите тврдења, интимните влакна штитат од бактерии.


Прочитано 9969 пати