libido

Истражување во Велика Британија, Европа и Америка, со огромен број на учеснички покажува дека до 50% од претставничките од понежниот пол, имаат долги животни периоди со целосно отсуство на либидото.

Една третина од жените не доживуваат оргазам при комуникација со партнерите. Причините за овој слабо изучен феномен не се јасни и до сега се сметаа дека тие се од биолошки до психолошки и социјални, информира medikforum.ru.

Дел од научниците сметаат дека главниот проблем е во влијанието на машкиот хормон тестостерон во женското либидо. Губењето на сексуалноста може да се случи во било која возраст, но сепак има важно значење во животот на една жена: раѓањето на дете, менопаузата.

Кога една жена губи интерес за секс, последиците за нејзиниот партнер може да се катастрофални. Токму со тоа се поврзани дел депресијата, мигрена и различни физички проблеми, кои на прв поглед немаат ништо заедничко.

Според една теорија, губење на либидото е поврзано со нагло паѓање на нивото на тестостеронот во женскиот организам. Овој типично машки хормон всушност има големо значење за формирањето на женската сексуална привлечност.


Прочитано 4089 пати