merlin monro

Прашањата околу приватноста на Мерилин Монро ги надминува теориите за романтичните нејзините врски, тешкото нејзино детство и емоционалните состојби. Сајтот на “Дојче веле” раскажува повеќе за нејзината симпатија кон комунизмот во. Повеќе од 50 години ФБИ го држи заклучено досието на Мерилин Монро.

 

Мерилин Монро не била едноставна русокоса. Напротив – таа го сакала да чита книги, и тоа многу. Во личната нејзината библиотека се пронајдени автори како Џејмс Џојс, Волт Витман и Томас Ман. Освен тоа легендарната актерка пишувала стихови и била исклучително чувствителна личност.

 

Службите почнуваат да ја следат Монро во август 1955 година, кога таа поднела барање за виза во руската амбасада. Подоцна неименуван извор раскажал на ФБИ за нејзиното патување во Мексико, каде што таа се сретнала со американски комунисти. Истиот извор тврдел дека станувало збор за поранешни и сегашни членови на Комунистичката партија, како и за нивните блиски и познати, кои се однесувале со симпатии кон комунистичките идеи и Советскиот Сојуз.

 

Досието на легендарната американска актерка содржи информации за неа речиси до нејзината смрт.Не се само извештаите на агентите, но и исечоците и фотографиите од весниците и списанијата. Во основата на сето тоа стои всушност прашањето за смртта на актерката, која е предмет на секакви теории за заговор.

 

Монро имала бурна врска со претседателот Џон Кенеди, а најверојатно и со неговиот брат Роберт Кенеди. Претседателот бил и последниот човек кој разговарал со неа по телефон непосредно пред нејзината смрт. Според една од верзиите, Мерилин Монро станала жртва на заговор и била ликвидирана од ЦИА. Постојат и претпоставки дека нејзината смрт може да е дело на мафијата. Или пак на ФБИ. А д-р Томас Ногучи, после аутопсијата на телото, не ја исклучува можноста Мерилин Монро самата да е посегнал по својот живот.


Прочитано 3826 пати