plavi oci

Едноставна 20-секунди ласерска процедура може да ги направи кафеавите очи во сини, тврдат американски лекари.

 

Според доктор Грег Хомер од Stroma Medical, компанијата за производство на клиничка опрема, “Lumineyes” може да биде перманентна алтернатива на обоените контактни леќи, пишува весникот Telegraph.

 

Идејата е преку ласер да се отстранува меланинот, кафеав пигмент кој се наоѓа во горниот слој на ирисот. На овој начин сината боја ќе ја замени кафеавата во рок од две до три недели по постапката.

 

Процесот е неповратен, бидејќи меланинот нема да се појави назад и не може да биде заменет.

 

Според зборовите на Хомер, козметичката операција ќе чини околу 3500 евра и до 18 месеци ќе биде достапна освен во САД и во голем број земји во целиот свет.


Прочитано 4583 пати