bugarija

Бугарија официјално ќе поднесе кандидатура за домаќин на Евро 2020, иако во моментов нема објект што ќе ги покрие нормите на УЕФА за ваков форум.

 

Најголемиот проблем, се разбира, може да дојде од недостатокот на стадион кој ќе ги покрива сите барања на УЕФА и тендер комисија. За да бидат домаќин на ваков форум, Бугарија треба да има објект со минимален капацитет од 30 000 места за седење, како и да е оценето со 5 ѕвезди, за да навлезе во категорија на “елитни”.

 

Ако одговорот е “да”, тогаш Бугарија ќе мора да аплицира со проект и гаранции дека изградбата ќе започне најдоцна за три години – во 2016.

 

 


Прочитано 7550 пати